Фудбалскиот клуб Арсенал успеа да го обезбеди својот клучен дефанзивец, Вилијам Салиба, со нов долгорочен договор, ставајќи му крај на интересот на Реал Мадрид. Францускиот стопер ја продолжи соработката со „Топџиите“ до 2030 година.
Реал Мадрид го таргетираше францускиот репрезентативец со намера да го доведе за пониска сума следната сезона, со оглед на тоа што неговиот претходен договор истекуваше во 2027 година. Сепак, раководството на Арсенал брзо реагираше и му понуди нов, петгодишен договор.
Салиба, заедно со Габриел, е единствениот стандарден играч во одбраната на Арсенал и ужива целосна доверба од менаџерот Микел Артета.
Ова не е единствената добра вест за клубот. Во тек се и финалните преговори за продолжување на соработката со англискиот репрезентативец Букајо Сака, кој исто така се очекува да остане на „Емирати“ во следните пет години.