Се трага по исчезнат полски државјанин на Водно

На бројот за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска е пријавено исчезнување на машко лице, полски државјанин, на падините на планината Водно.

​Веднаш по добивањето на пријавата, дежурниот оперативен центар на ЦУК ги мобилизираше надлежните институции:

​Министерството за внатрешни работи (МВР) формира специјален тим за пребарување.

​Во акцијата се вклучени и екипи од Црвениот крст.

​На терен е упатен и тим за заштита и спасување од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

​Во тек е потрагата по исчезнатото лице.