Меџити ги прими жителите на Страчинце: Каменоломот е одбиен поради ризик од поплави и нарушено здравје

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одржа отворен состанок со жителите на скопското село Страчинце за да им ја соопшти одлуката за одбивање на барањето за отворање каменолом во нивното село.

​Министерот Меџити ги информирал жителите за професионалните и институционалните причини за донесувањето на оваа одлука. Од Министерството наведуваат дека експертските анализи јасно покажале дека отворањето на каменоломот би имало сериозни последици:

  • ​Негативно влијание врз животната средина.
  • ​Зголемен ризик од поплави.
  • ​Негативно влијание врз јавното здравје.

​На состанокот било нагласено дека заштитата на животот и благосостојбата на граѓаните е приоритет над секој економски интерес.

​Меџити истакна дека следниот чекор е конечно поништување на концесијата на Влада, со што ова прашање ќе добие трајно решение.

​Жителите на Страчинце му се заблагодариле на министерот, оценувајќи го состанокот како пример за владеење со отворен дијалог и чесна соработка со граѓаните.