Лабудовиќ: „Сјајна Патека“ – Враќање на осветлено и безбедно Водно за граѓаните по мрак

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ЗНАМ, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Лабудовиќ, го промовираше проектот „Сјајна Патека“ за осветлување на планината Водно.

​Лабудовиќ истакна дека Водно „не смее да згасне штом зајде сонцето“ и дека проектот е визија за град кој се грижи за младите, спортистите и семејствата, бидејќи луѓето ја избегнуваат планината по мрак.

​„Со овој проект сакаме да им го вратиме Водно на граѓаните, осветлено, безбедно и достапно… Тоа е изгубена можност за рекреација, за здрава навика, за споделено време со најблиските“, рече Лабудовиќ.

​Проектот предвидува инсталирање на енергетски ефикасни, автоматизирани светилки кои ќе се прилагодуваат на природната средина, со цел да не се наруши екосистемската рамнотежа на парк-шумата.