Жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од поранешниот вонбрачен партнер во Аеродром

Вчера, во 12:51 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната во стан на подрачјето на Општина Аеродром.

​Нападот се случил околу 10:00 часот, а пријавениот напаѓач е нејзиниот поранешен вонбрачен партнер, З.Н. (38).

​Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.