Герасимовски: Набавка на две цистерни и пет метларки за почист Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски, објави дека во неговата визија, животната средина и хигиената остануваат врвен приоритет.

​Герасимовски најави дека со цел значително да се зголеми капацитетот за одржување на хигиената во општината, ќе бидат набавени:

  • ​Две современи цистерни.
  • ​Пет нови метларки.

​„Нашата визија е општината да биде чиста, здрава и зелена… Со редовна грижа и постојано вложување во модерна опрема, создаваме услови за хигиената да биде на највисоко ниво, каква што заслужуваат нашите центарци“, изјави Герасимовски.

​Тој, исто така, потсети дека минатата недела Општината изнајмила дополнителна механизација за да го исчисти сметот од улиците по, како што рече, „потфрлањето на ЈП „Комунална хигиена“ и градот Скопје“. Герасимовски заклучи дека нивна должност е да обезбедат чисти улици и достоинствено урбано живеење.