Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски, го објави поширокиот список на ракометарки за претстојните квалификациски натпревари за WOMEN’S EHF EURO 2026 Phase 1 and 2.

На списокот е забележливо отсуството на првиот голман, Јована Мицевска, од оправдани причини.
Репрезентацијата ќе одигра два натпревари:
Против Германија: Гумерсбах, SCHWALBE Arena, 16.10.2025 година, 19:30 часот.
Против Словенија: Битола, СС „Боро Чурлевски“, 19.10.2025 година, 18:00 часот.