Османи: Корупцијата во Чаир ќе ја „сосечеме во корен“ со „Граѓанско око“ и целосна транспарентност

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од НАИ, Бујар Османи, најави нулта толеранција кон корупцијата, ветувајќи дека „ниту еден денар нема да биде злоупотребен“ преку воведување на систем на целосна транспарентност наречен „Граѓанско око“.

​Османи вети дека овие механизми ќе го направат Чаир „најтранспарентната и најчесна општина во државата“:

​Јавно отворање на тендери: Секој тендер ќе се отвора со директен пренос и снимка достапна онлајн.

​Јавна каса онлајн: Секој приход и расход ќе биде достапен во реално време.

​Независен мониторинг: Постојан надзор од експерти и граѓански организации специјализирани за антикорупција.

​Автоматска контрола со вештачка интелигенција (АИ): Систем кој алармира за секое прекршување на правилата.

​Со овие мерки, Османи порача дека на 19 октомври „Никогаш повеќе тајни договори! Никогаш повеќе злоупотреби на јавни пари!“.