Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје (кое е основач и на ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна) најавија нов протест за утре, 1 октомври 2025 година, поради неисплатени плати.
Протестот ќе се одржи од 10:00 до 12:00 часот на три локации во градот:
- Бул. Илинден кај Фонтана (Матично).
- Мост Гоце Делчев.
- Раскрсницата помеѓу ул. Рузвелтова и бул. Партизански одреди.
Вработените ги замолуваат граѓаните на Скопје за разбирање, нагласувајќи дека „борба е за работничка плата!“.