Специјалниот дочек за Жозе Мурињо: Навивачите на Челзи го пречекаа Португалецот со овации

Тренерот Жозе Мурињо се врати на „Стемфорд Бриџ“ како гостин во рамките на второто коло од Лигата на шампионите, каде неговиот старо-нов клуб Бенфика гостуваше кај Челзи.

​Бидејќи Мурињо во два наврати го водеше лондонскиот клуб и со него освои осум трофеи, дочекот беше емотивен и перфектен. Сите навивачи се кренаа и му го скандираа името, а Португалецот им возврати со бакнежи.

​Мурињо на клупата на Челзи седеше во периодите од 2004 до 2007 година и повторно од 2013 до 2015 година.

Бенфика го загуби натпревар со минимален пораз.