Целиот свет навива за Бернардо Лопес, младо момче од Сао Паоло чија животна приказна е инспирација и кое неодамна го имаше своето деби за младинската академија на бразилскиот клуб Ботафого.
На само една година, Бернардо доживеа ужасна несреќа дома, турнал бокал со врела вода, која му се истурила по целото лице и тело. Лекарите во тоа време стравувале дека нема да преживее поради тешките изгореници.
Сепак, по седум месеци операции, трансплантација на кожа и долг престој во болница, Бернардо успеа да ги победи сите пречки и да се врати во живот.
Оттогаш, тој се заљубил во фудбалот. Почнал да игра за локални тимови, а неодамна, на турнир пред скаути, бил забележан од Ботафого. Успешно го поминал пробниот период и сега е официјален член на академијата на клубот.
Неговата приказна е моќен доказ за нескротливиот дух. Со среќа, Бернардо!