Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Штип синоќа силно го поддржа кандидатот за градоначалник, Павел Иванов, истакнувајќи го неговиот интегритет и посветеност на социјалдемократските вредности.

​Филипче ја сподели личната приказна на Иванов: „Пред повеќе од една година… Му се обратив на Павел, го прашав дали е подготвен да ја преземе одговорноста. Тој прифати, иако знаеше дека може да ја изгуби својата работа. И навистина ја изгуби, но остана чесен, храбар и посветен.“

​Според Филипче, токму овој карактер го прави Иванов најдобриот избор за Штип. Тој нагласи дека слоганот на СДСМ, „Борба за домот“, е продолжение на историските борби за слобода и правда.

​„Нашиот народ точно знае кога некој сака да го угнети, да го замолчи или да го ограби токму тоа што сега го прави ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, Штип со Павел и со сите чесни, отворени и работливи кандидати за советници… ќе покаже дека победата е на дофат,“ порача претседателот на СДСМ.

​Филипче остро ја критикуваше работата на актуелниот градоначалник Иван Јорданов (ВМРО-ДПМНЕ), посочувајќи дека има 90% нереализирана програма и се карактеризира со „слабост во соочување на дебати“.

​Тој ги наброја неуспесите на Јорданов во изминатите 4 години:

​Штип е без реконструкција на водоводни мрежи.

​Нема проекти за заштита на животната средина, гасификација или фотоволтаици.

​Ги остави граѓаните без редовно водоснабдување, да се гушат во чад и смет кој не се собира редовно.

Затоа, цените на основните услуги и даноци ги зголеми.

​„Ете ова е сликата за владеењето на Јорданов. 4 години загубено време. 4 години застој и разочарување… И затоа и бега од дебата со единствениот против-кандидат, кандидатот на СДСМ, Павел Иванов. Бега бидејќи нема како да го брани своето недомаќинско работење,“ заклучи Филипче.