Трајановски: Крај на сообраќајниот хаос со нови булевари и паметни паркиралишта

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски, ја претстави својата програма, нудејќи конкретни решенија за сериозните инфраструктурни предизвици, сообраќајниот метеж, недостигот од паркинг и небезбедните патеки во општината.

​Трајановски најави дека неговата програма ќе донесе модерна и европска општина преку принципите на одржлива урбана мобилност.

​Во соработка со Град Скопје, планирани се клучни сообраќајни проекти:

  • ​Завршување на изградбата на булеварот АСНОМ.
  • ​Обезбедување нови коридори за поврзување со соседните општини, вклучувајќи нова сообраќајница меѓу Аеродром и Кисела Вода.
  • ​Реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ и нејзините краци.
  • ​Во населбите, се предвидува целосна реконструкција на споредните улици во Горно и Долно Лисиче.

​Програмата става силен акцент на безбедноста и решавањето на проблемот со паркирањето:

  • ​Реконструкција на сите сервисни улици со воведување „зона 30“, што ќе ја зголеми безбедноста за пешаците и велосипедистите.
  • ​Воспоставување нулта толеранција за паркирање на тротоари и пешачки патеки и изградба на нови велосипедски патеки.
  • ​Поставување нови семафори кај сите училишта за максимална заштита на децата.
  • ​Проблемот со паркирањето ќе се решава преку изградба на паметни паркиралишта и катни гаражи.
  • ​Ново уредување на паркинг-просторите зад ТЦ „Скопјанка“ и ТЦ „Бисер“, како и во Ново Лисиче.

​Трајановски порача дека овие решенија директно ќе влијаат на секојдневието на граѓаните, носејќи побезбеден сообраќај, поуредени улици и поголема мобилност за сите.