Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави дека ракометниот клуб Вардар ќе добие сериозна институционална поддршка од Градот, која ќе започне од јануари следната година.
Ѓорѓиевски, кој најави дека во него секогаш ќе имаат партнер и пријател, истакна дека Вардар е симбол на спортската традиција на Скопје и цела Македонија.
Тој додаде дека градот „ќе стои цврсто зад клубот“ за да може Вардар да продолжи достоинствено да ги брани боите на државата на меѓународната ракометна сцена.
„Да живее Вардар и Скопје! Честитки момци и благодарам на честа!,“ изјави Ѓорѓиевски.