Лукароска: Локалната власт го заборави Варошко Маало, ќе градиме два кружни тека и тротоари

​Кандидатката за градоначалничка на Општина Прилеп од СДСМ, Петра Лукароска, ја обвини локалната власт на ДПМНЕ дека целосно го запоставила Варошко Маало, урбана заедница од централното градско подрачје.

​Лукароска наведе дека жителите се соочуваат со низа проблеми, вклучувајќи нечисти и небезбедни улици, узурпирани и неуредени тротоари, како и неисчистени шахти и сливници за атмосферска канализација.

​На барање на жителите, Лукароска најави дека нејзината програма вклучува решенија со приоритетна важност:

  • ​Изградба на два кружни тека кај новата автобуска станица.
  • ​Изработка на сообраќајно решение за попрегледна крстосница на улиците „Кузман Јосифоски“ и „Егејска“.
  • ​Изведба на тротоари на улиците „Архиепископ Доситеј“, „Егејска“ и „Сотка Џигиџик“.
  • ​Санирање на проблемот со поплавување на потегот од кружниот тек кај Основниот суд до новата автобуска станица.

​„Се грижиме за граѓаните од секоја урбана населба, од секое населено место! Се бориме за нашиот дом!“ порача Лукароска.