Воен авион од типот Т-260Б исчезнал од радарите и подоцна бил пронајден од хеликоптер на противпожарната служба и воздухопловните сили на Италија во близина на Сабаудија, пренесе агенцијата АНСА.
За жал, во несреќата загинале двајцата пилоти кои се наоѓале во авионот.
Еден од загинатите е полковник Симоне Метини (48), додека другиот пилот бил на обука, соопштија италијанските воздухопловни сили. Авионот припаѓал на 70-то крило во Латина и извршувал рутински лет за обука.
Причината за падот сѐ уште не е утврдена, а италијанските служби продолжуваат со истрагата за причините на трагедијата.
Министерот за надворешни работи, Антонио Тајани, изрази сочувство: „Длабоко сум ожалостен поради загубата на двајца припадници на италијанските воздухопловни сили. Моите мисли се со семејствата на жртвите.“