Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски, денеска објави дека го посетил 84-годишниот сограѓанин Христо, корисник на услугата „Сервис за стари лица“, проект кој ќе продолжи да се спроведува и оваа година.
Герасимовски истакна дека оваа услуга опфаќа 90 повозрасни сограѓани на кои им се обезбедува нега и поддршка во домашни услови од страна на стручни лица, физиотерапевти и негуватели. Целта е повозрасните центарци да бидат пофункционални и да имаат полесно секојдневие.
Детали за аплицирање:
- Право на користење имаат лица над 62 години со пензија до 35.000 денари или корисници на социјална помош.
- Апликациите се поднесуваат секој месец, од 1-ви до 15-ти, во Архивата на Општина Центар (од 08:00 до 15:00 часот).