Независниот синдикат при ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје најави протест поради неисполнети обврски кон вработените.
Протестот ќе се одржи денеска и утре, во период од 09:30 до 11:00 часот. За време на протестот, ќе биде блокиран просторот кај семафорот на раскрсницата на бул. „Илинденска“ со ул. „Никола Тесла“. Протестот ќе заврши пред дирекцијата на ЈП „Паркови и зеленило“.
Синдикатот наведува дека протестот се организира согласно законските прописи и колективниот договор.
Барањата на синдикатот се однесуваат на заостанати и неисплатени обврски, утврдени со колективниот договор:
- Исплата на платата за август за фирмите „Флораком ДООЕЛ“ и „Луна ДООЕЛ“.
- Исплата на К-15 (регрес за годишен одмор).
- Исплата на јубилејна награда и новогодишен додаток.
- Исплата на отпремнина за работниците со престанат работен однос.