Временска прогноза: Облачно, студено и врнежливо, на планините снег

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. На планините, врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, информира УХМР.

​Минималната температура ќе се движи од 6 до 11 степени.

​Максималната температура ќе достигне од 7 до 13 степени.

​Во Скопје ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

​Минималната температура ќе биде 10 степени.

​Максималната температура ќе достигне само до 11 степени.

​Утре продолжува периодот со врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. На планините ќе се формира значителна снежна покривка, а на повисоките места помала. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

​Од сабота, времето ќе се стабилизира. Ќе биде стабилно со ниски утрински температури, додека дневните температури ќе бидат во пораст.