Герасимовски од Крњево: Го намаливме долгот на Центар, нема да има ниту еден денар за непродуктивни трошоци

Актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа оствари средба со жителите на населбата Крњево, каде што разговараше за идните проекти и го презентираше својот мандат.

​Герасимовски истакна дека успеал значително да го намали огромниот долг што го наследил при стапувањето на функцијата, најавувајќи дека општината веќе следната година нема да има никаков долг.

​Кандидатот за градоначалник се осврна на транспарентноста и продуктивноста во трошењето на општинските пари:

​„Не потрошив ниту еден денар од граѓаните на Центар, потенцирам, ниту еден денар, за патувања и оние непопуларни кафеани. Мислам дека сум единствен градоначалник во државата, кој не потроши ниту еден денар за непродуктивни намени и сите пари, повеќе од 2 милиони денари ги пренаменивме за потребите на социјално ранливите граѓани,“ рече Герасимовски.

​Тој потенцираше дека во изминатите четири години, сите негови одлуки биле носени единствено во интерес на центарци, истакнувајќи го својот пристап:

  • ​„Не делев, јас обединував.“
  • ​„Не бегав од проблемите, јас ги решавав.“
  • ​„Не седев во фотељата, туку бев на улиците и во домовите.“

​Герасимовски информираше дека за четири години, во Центар се инвестирани над 13 милиони евра, кои се насочени кон:

  • ​Најдобрата градинка во Македонија и најдобрите училишта во Скопје.
  • ​Реконструкција на улици.
  • ​Ранци, прибор и стипендии за учениците.
  • ​Поддршка за културата, спортот и хигиената во градот.