Мицкоски од Карбинци: Виктор заслужува втор мандат, ќе градиме населба за млади семејства

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Општина Карбинци го поддржа актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат, нагласувајќи ја неговата работа во изминатите четири години.

​„Јас сум сигурен дека изминативе четири години Виктор покажа како се работи чесно, тоа е многу важно, како се работи посветено, како се работи за жителите на Општина Карбинци и покажа уште пред време дека недвосмислено го заслужува својот втор мандат,“ порача Мицкоски.

​Мицкоски го пренесе ставот дека е клучно сите да останат во државата и дека мора да се посвети сериозно внимание на демографијата. Тој истакна дека улиците, патиштата и градинките немаат смисла доколку нема деца.

​Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави конкретен проект за поттикнување на млади брачни парови да формираат семејства:

​„За тоа да се случи потребно е мислам да се определи една населба во којашто ќе се определат парцели за млади брачни парови коишто ќе бидат по едно евро квадрат и ќе бидат ослободени од комуналии.“

​Мицкоски потенцираше дека на овој начин, статистички е докажано дека семејството ќе има повеќе дечиња.