Филипче од Кисела Вода: Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции

​Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во скопската општина Кисела Вода, остро ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја дека нема ниту една сопствена инвестиција за четири години локална власт и година и пол централна власт.

​Филипче изјави дека премиерот Христијан Мицкоски раскажува „басни на митинзите“ бидејќи нема што друго да каже, и покрај тоа што ја имаа речиси целата локална и централна власт.

​„Ги сечат лентите на готови проекти на СДСМ“

​Лидерот на СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ се фалеле и отворале проекти кои биле во завршна фаза или веќе завршени од претходната власт:

​„Прашањето е едноставно – може ли Мицкоски да наброи две целосно свои инвестиции? Единственото со што се пофалија беа проекти што СДСМ ги донесе до 98\%, 99\% реализација. Тие само ја сечеа лентата.“

​Филипче тврди дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ отворале странски инвестиции по трет или четврти пат, па дури и „отвораат улици и патишта што веќе беа завршени“.

​„Да не се проектите на СДСМ – Мицкоски нема ни каде да се слика,“ рече тој.

​Во своето обраќање, Филипче посочи дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт, економијата е на колена. Тој заклучи дека „Ова е сликата за ВМРО-ДПМНЕ и нивната власт. Лажат, манипулираат и трошат пари за себе. А граѓаните остануваат без иднина“.