Кандидатите за советници од групата „Независни“ од Прилеп јавно ја критикуваа кампањата на нивните политички опоненти, посочувајќи дека на предизборните флаери, наместо ликовите на кандидатот за градоначалник и носителот на советничката листа, се појавува ликот на актуелниот премиер.
Според „Независни“, ова е јасен сигнал дека политичката опција која ја користи оваа тактика:
Нема храброст да ги истакне своите вистински кандидати.
Нема програма ниту визија за Прилеп.
Се крие зад централната власт, наместо да зборува за решавање на проблемите на прилепчани.
Групата јавно побара одговори од кандидатите кои се кријат зад ликот на премиерот:
Кој ќе биде градоначалник на Прилеп?
Кој ќе носи одлуки во Советот?
Или пак градот ќе се води „на далечински управувач“ од Скопје?
„Независни“ порачаа дека Прилеп не е сценографија за туѓа кариера и дека граѓаните заслужуваат лидери што ќе застанат со име и презиме пред народот, а не да се кријат зад туѓ лик.