Обвинетите за пожарот во Вардариште признаа вина, изразија каење и подготвеност за соработка

​Тројцата обвинети за предизвикување пожар на дивата депонија Вардариште денеска во Основниот кривичен суд Скопје признаа вина за кривичното дело Загрозување на животната средина и природата со отпад.

​Обвинетите Мејсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи пред Судот изразиле каење за стореното дело и ветиле дека нема да го повторат. Како што објави Телма, тие, исто така, изразиле подготвеност да соработуваат со надлежните за целосно отстранување на отпадот од дивата депонија.

​Судот го констатирал признанието на вина, а Обвинителството побарало да биде изречена соодветна казна.

​За делото што им се става на товар на обвинетите, предвидена е затворска казна од три месеци до три години.