Ракометарите на Прилеп ја остварија својата трета победа во Суперлигата откако, во натпревар од 6. коло, како домаќини убедливо ја совладаа екипата на Струга со резултат 34:27.
По краткиот воведен дел во кој Струга имаше блага предност (6:8), ракометарите на Прилеп целосно ја презедоа контролата над натпреварот. Со силна игра во нападот и одбраната, тие континуирано ја зголемуваа разликата, па на полувреме заминаа со високи +7 (18:11).
Во вториот дел од натпреварот, домашниот состав како да ја „спушти топката“, па второто полувреме заврши нерешено (16:16). Сепак, предноста стекната во првиот дел беше доволна за конечен триумф од 34:27.
По оваа победа, Прилеп сега има 6 бода и се наоѓа на шестата позиција на табелата. Струга, пак, останува со само една победа во досегашниот дел од сезоната.