Меџити: ФК „Албарса“ е отворена врата за развој на спортските таленти од Чаир и Скопје

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, го истакна значењето на фудбалскиот клуб „Албарса“ од Скопје како клучен простор за развој на младите спортски таленти во општината и пошироко во градот.

​„Талентот на нашите деца за спорт е извонреден, а ‘Албарса’ е просторот каде тие потенцијали се развиваат со љубов и професионализам,“ порача Меџити.

​Клубот, кој е основан во 2009 година, се истакнува со учества на меѓународни турнири во Германија, Данска и Италија. Меџити потенцираше дека заслугата за овие успеси им припаѓа на професионалците и раководството кои со чесност и посветеност го водат клубот:

  • ​Претседателот Меритон Бериша.
  • ​Еден од основачите, Шабан Хасани (Табаки).
  • ​Раководството составено од Мухамед Алими и Чамурaн Шерифи.
  • ​Тренерите Нежат Топојани и Агрон Бериша.

​Кандидатот од Коалицијата ВЛЕН порача дека поддршката за ФК „Албарса“ никогаш нема да изостане, бидејќи спортот е полето каде што се потврдуваат идните ѕвезди.