Трајановски: Аеродром ќе добие Младински совет, Фонд и Стратегија за млади претприемачи

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, најави дека ќе биде директен партнер на младите и ќе посвети посебно внимание на создавање политики и мерки кои ќе им отворат нови можности во општината. Тој истакна дека младите се движечка сила на општеството и мора да бидат во фокусот.

​Во таа насока, Трајановски предвидува серија мерки насочени кон финансиска, институционална и образовна поддршка:

  • ​Формирање Локален младински совет – кој ќе биде гласот на младите во општината.
  • ​Креирање Фонд за млади – за финансиска поддршка на младите претприемачи и младинските организации.
  • ​Изработка на Младинска стратегија и акциски план – со јасно дефинирани приоритети и цели.
  • ​Поддршка за таленти и кариерно насочување – развој на услуги за доквалификации и преквалификации во соработка со образовни центри.
  • ​Модернизација и дигитализација на училиштата – со современа наставна опрема и едукативни средства.
  • ​Организација на редовни превентивни здравствени прегледи за младите.
  • ​Поттикнување на културни и спортски настани од интерес за младата популација.

​Трајановски порача дека со овие мерки, младите ќе имаат услови да се развиваат и да ја градат својата иднина токму во својата општина.

​„Драги средношколци, студенти, млади, јас Александар Трајановски ќе бидам ваш партнер и заедно со Вас ќе ги градиме политиките во општина Аеродром. Заедно со Вас младите ќе се избориме за нашиот дом! За нашиот Аеродром!“, порача Трајановски.