Давид Брестовац од Пелистер нема сериозна повреда, ќе паузира најмногу две недели

Младиот голман на актуелниот македонски ракометен првак Пелистер, Давид Брестовац, ги загрижи сите за време на дерби дуелот против Вардар 1961 во рамките на петтото коло од Супер-лигата.

​Брестовац во 26. минута, со болки во коленото, беше изнесен од теренот откако доби удар од ракометарот на Вардар, Малус, при обид за гол од цепелин.

​По извршените детални прегледи, во таборот на Пелистер можат да здивнат – голманот нема сериозна повреда, но ќе биде надвор од терените најмногу две недели.

​Ова е добра вест за битолчани, кои уште на стартот на сезоната се мачат со повреди (Митревски и Иранецот Саид Хеидарирад). Брестовац се покажа како соодветна замена, па наскоро се очекува да се врати во составот.

​Денеска продолжуваат мечевите од шестото коло во Супер-лигата:

  • ​Пелистер 2 е домаќин на Тиквеш (18:00 часот).
  • ​Вардар 1961 му гостува на Радовиш (19:30 часот).