Ацевски најави две монтажни катни гаражи во Ѓорче Петров за системско решавање на паркирањето

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, најави изградба на две нови монтажни катни гаражи како дел од своето решение за хаосот со паркирањето во општината.

​Катните гаражи ќе бидат лоцирани во централното подрачје, околу пазарот, со цел да се овозможи полесно паркирање за граѓаните.

​Мерките што ги најави Ацевски вклучуваат:

  • ​Монтажна катна гаража со 200 нови паркинг места спроти пазарот.
  • ​Монтажна катна гаража со 100 нови паркинг места спроти општинската зграда.

​Воведување еднонасочен режим на сообраќај на улиците покрај пазарот.

​Овие проекти имаат за цел да го намалат метежот и да обезбедат системско и долгорочно решение за проблемот со паркирањето во Ѓорче Петров.