Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во соработка со светски познатиот архитект и урбанист Бајрам Вардар, утре (5 октомври 2025) ќе го презентираат Мастер планот за Чаир. Овој стратешки документ е резултат на два месеци интензивна работа на меѓународна екипа од експерти, со цел Чаир да се трансформира во модел на одржлив развој и современ урбанизам во Скопје.
Мастер планот има за цел да ги одрази современите потреби на граѓаните, истовремено искористувајќи го историскиот, културниот и економскиот потенцијал на општината.
Експертската екипа беше предводена од Бајрам Вардар, урбанист со потекло од Скопје кој живее и работи во Турција. Вардар има импресивна кариера во урбаниот развој на големи турски градови како Истанбул и Бурса, а бил и дел од блискиот тим на г. Реџеп Таип Ердоган во периодот кога тој беше градоначалник на Истанбул.
Во тимот учествуваат и други еминентни експерти:
- Надир Доган, урбанист и основач на компанијата ND İMAR A.Ş., експерт за просторни планови од голем обем за градови како Истанбул, Бурса, Коџаели и Трабзон.
- Д-р Мустафа Тутар, универзитетски професор, магистер од САД и доктор по урбанизам. Тој е основач на компанијата Saydam Tasarım, со над 800 меѓународни проекти во архитектонски дизајн.
Покрај нив, во екипата се вклучени и други експерти од Турција и Македонија, кои работеле заедно со локални урбанисти и архитекти за да обезбедат сеопфатен пристап прилагоден на реалноста на Чаир.
Официјалната презентација на Мастер планот ќе се одржи утре на јавен настан, на кој се очекува присуство на граѓани, експерти, медиуми и јавни личности.