Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека на 4 септември 2025 година, во 02:05 часот, во близина на раскрсницата во Брвеница, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај – Тетово ги лишиле од слобода И.С. (23) и Н.С. (28), двајцата од Брвеница.
При преглед на возилото „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал И.С., а Н.С. бил сопатник, полицијата пронашла околу 100 грама кокаин, дигитална вага и пари.
Лицата се приведени во полициската станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.
Порталот Portalb.mk дознава дека еден од уапсените е син на вишиот инспектор за борба против дрога во Тетово, Орце Смилевски.