Анастасов: Здравјето на граѓаните нема цена, не дозволив отворање рудник на Плавица

Кандидатот за градоначалник на Пробиштип од СДСМ, Драган Анастасов – Ладич, во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77, истакна дека четири години не дозволил отворање на рудник на Плавица поради веќе присутното загадување од тешката индустрија во општината.

​Анастасов нагласи дека здравјето на граѓаните е над сѐ. „Во Пробиштип има тешка индустрија, неколку загадувачи, јас четири години не дозволив отворање на рудник на Плавица. Здравјето на граѓаните нема цена“, рече тој.

​Рудникот „Плавица“ е предвиден да никне на северниот дел на Пробиштип, на потегот од Кратово. Според Анастасов, тоа би значело уште еден загадувач, што би бил шести по ред во градот.