Дали Мицкоски сега ќе се прогласи за епски криминалец по договорот со „ИРД Инженеринг“?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) излезе со соопштение за јавност, поставувајќи директни прашања до раководството на ВМРО-ДПМНЕ, по веста дека актуелната власт склучила договор со компанијата ИРД Инженеринг.

​СДСМ потсетува дека кога биле во опозиција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и Александар Николовски, заедно со целиот партиски врв, со месеци ја напаѓале фирмата ИРД Инженеринг. Тие ја обвинувале компанијата дека е „симбол на злоупотреби“, „сомнителна компанија“ и дека станува збор за „епски криминал“.

​„Мицкоски и ДПМНЕ изјавуваа дека ќе го раскинат договорот, дека ќе бараат истраги, кривична одговорност. Имаа полни усти со големи зборови за наводен криминал и бараа Јавното обвинителство да постапува“, се вели во соопштението.

​СДСМ истакнува дека сега, кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, склучиле договор со истата компанија. Во тој контекст, опозициската партија поставува неколку клучни прашања:

​- Ако ИРД Инженеринг беше „симбол на злоупотреби“, како што тврдеше Мицкоски, тогаш зошто потпишува договор со нив?

– ​Дали тоа значи дека сега и Мицкоски е дел од епскиот криминал?

​- Кој ќе одржи прес-конференција денеска во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ да ги прогласи Мицкоски и Николовски за епски криминалци?