Денешниот ден ќе биде сончев со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста постепено ќе се зголемува, а во текот на ноќта се очекува повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.
Минималните температури во земјава ќе се движат од -3 до 2 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 12 до 20 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе се зголеми кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне 17 степени.
Од понеделник до среда се очекува промена на временската состојба, проследена со умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината. Пораст на дневната температура се очекува дури од четврток.