Ѓорѓиевски: Град Скопје следната година ќе биде покровител на „Виз Ер“ Скопски маратон

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, утрово го означи стартот на овогодинешниот „Виз Ер“ Скопски маратон, најмасовната атлетска манифестација во земјава. На настанот присуствуваше и министерот за спорт, Борко Ристовски.

​Ѓорѓиевски истакна дека повеќе од 14.000 учесници од над 50 земји низ светот го исполниле главниот град со енергија и спортски дух. „Прекрасна глетка што покажува колку Скопје живее и дише со спортот“, додаде тој.

​Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека следната година и градот Скопје ќе биде покровител на овој настан, покрај Министерството за спорт, кое е главен покровител и на кое Ѓорѓиевски му упати благодарност за посветеноста.

​Порачувајќи да бидат активни, силни и во движење, тој изрази очекување следната година настанот да биде уште помасовен.