Резултати од „Виз Ер“ Скопски маратон: Никовски и Хајдари победници на трката на пет километри

Григоријан Никовски и Ирма Хајдари се победници на трката на пет километри која утрово се одржа во рамките на 21. издание на „Виз Ер“ Скопски маратон. Ова беше најмасовната трка, со околу 10.000 учесници на стартот.

​На женската трка на пет километри, Ирма Хајдари од атлетскиот клуб Делта мина низ целта со време од 18 минути и 54 секунди.

​На машката трка, најбрзо време оствари Григоријан Никовски, кој делницата ја истрча за 15 минути и 53 секунди.