Мојсова-Мијовска: Јас и мојот тим ќе го реанимираме Карпош

Кандидатката за градоначалник на Општина Карпош од СДСМ, Маја Мојсова Мијовска, го претстави дел од својот тим на советници, најавувајќи дека заедно ќе работат на суштински промени во општината.

​Таа изјави дека целта е „да го реанимираме Карпош“ за да биде онаков каков што заслужува.

​Мојсова Мијовска најави дека промените ќе се фокусираат на:

  • ​Многу зелени површини.
  • ​Нови градинки за најмладите карпошани.
  • ​Чисти улици без отпад.
  • ​Регулиран паркинг простор.

​Кандидатката порача дека на Карпош му требаат промени и дека таа и нејзиниот тим се подготвени тоа да го направат.