Фудбалерите на Партизан ја победија Војводина со минимален резултат 1:0 во дербито од 11. коло на српската Суперлига, прославувајќи го својот 80. роденден. Единствениот гол за црно-белите беше постигнат од пенал од страна на Милошевиќ во 18. минута.
Сепак, наместо спортско славење, дуелот во Белград беше обележан со навивачко дивеење, поради што клубот сигурно го очекува жестока казна.
Натпреварот беше крајно нерегуларен, траеше речиси три часа и беше прекинат пет пати.
Најголемата драма се случи во 53. минута кога во близина на фудбалерот на Војводина, Марко Полетановиќ, експлодира „топовски удар“, по што тој остана да лежи на земја. Само 15 секунди подоцна, експлодираше уште еден „топовски удар“ недалеку од неговата глава.
Последен пат судијата ги испрати играчите во соблекувалната во 72. минута, а прекинот траеше 20-тина минути. Според извештаите, фудбалерите на Војводина веќе се туширале кога им било соопштено да се вратат на теренот.
Гостите од Нови Сад, кои од 30. минута играа со фудбалер помалку по црвениот картон на Тањга, сепак го доиграа натпреварот.
Иако судијата и делегатот одлучија натпреварот да продолжи, сега е на потег Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), со оглед на тоа што слични инциденти имаше и претходната недела на прославата на роденденот на Црвена звезда.