Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, и носителот на советничката листа, Дејан Трајковски – Џонсон, денес одржаа средба со граѓаните на општината, нагласувајќи ја поддршката за нивната програма против неконтролираното градење.
Тие порачаа дека граѓаните ја поддржуваат борбата против бетонизацијата и ветија дека во Ѓорче ќе го запрат неконтролираното градење згради на секој чекор.
Ацевски и Трајковски најавија дека нивната визија за општината вклучува:
- Повеќе зелени површини.
- Чисто Ѓорче.
„Ви благодариме за поддршката која расте од ден на ден“, порачаа кандидатите.