Мицкоски го нападна Филипче: Од просечно семејство до хациенда, градена во скутот на неговиот „гуру“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Струмица одговори на обвинувањата од Венко Филипче дека тој е заштитник на олигархијата, враќајќи со критики за имотната состојба на раководството на СДСМ.

​Мицкоски тврди дека тој во политиката влегол чесно, додека Филипче, според него, седнал „во скутот на неговиот гуру“.

​„Со хациенда на Водно направена додека е министер, со партнерски зделки со неговиот гуру, кој со чиновничка плата – што како премиер, што како градоначалник – има империја тешка стотици милиони евра“, рече Мицкоски.

​Тој праша како од едно просечно семејство се стигнува до милионите што ги имаат, посочувајќи дека одговорот е „разрушена држава и систем кој пропаѓа“.

​„Темелите на овој дом се составени од надежите, мотивите и жртвата на илјадници луѓе кои се вградија во тие темели. И целото мое време го посветувам за да ја кренеме Македонија, ама не се залажувајте… дека заборавив за мигот што ѝ го направивте на државата“, порача Мицкоски.

​Мицкоски се осврна и на изборната кампања на СДСМ, особено на спотот каде што тегнат црвен кабел низ Скопје, поврзувајќи го раководството на СДСМ.

​„Со право – кабелот е неизоставен дел од потсвеста на Венко. Човекот при здрав разум излезе и нè убедуваше дека кабелот бил виновен што модуларната болница изгорела. А не системот во распаѓање кој тие со години, а претходно со децении, го уништуваат“, изјави Мицкоски.

​Тој му порача на Филипче дека „кабелот не може да биде никаква иднина“.

​На крајот, Мицкоски ги обвини СДСМ дека не демантираат за врските и парите од Бугарија и предупреди дека „правдата да ве стигне“ и покрај тоа што тој е посветен на градењето на државните темели.