Горан Трајковски – Штраус: Спортските клубови во Кисела Вода нема да бидат заборавени

​Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од СДСМ, Горан Трајковски – Штраус, најави силна поддршка за спортот во општината, истакнувајќи дека спортистите и клубовите нема да бидат запоставени како во изминатите четири години.

​Трајковски ова го објави откако присуствуваше на првиот кошаркарски Суперлигашки натпревар од новата сезона помеѓу КК Ангели и КК Феникс од Маџари, нагласувајќи дека спортот отсекогаш бил негова љубов и движечка сила.

​„Им ветувам не само на кошаркарите на КК Ангели, туку и на сите спортисти и спортски клубови од Кисела Вода, дека нема да бидат заборавени и оставени сами на себе како изминативе 4 години. Напротив!“, порача Трајковски.

​Тој вети дека заеднички ќе креираат програма и буџет за професионално функционирање на клубовите и можност за што поголеми успеси.

​На крајот, Трајковски најави дека ќе навива и за КК Ангели на нивниот прв домашен натпревар наредниот викенд, под слоганот: „СЕ БОРИМЕ ЗА НАШИОТ ДОМ!“