АД МЕПСО на Мако СИГРЕ 2025: Дискусија за предизвиците на енергетската транзиција

​На првиот ден од престижната конференција Мако СИГРЕ 2025 во Охрид, се одржа панел дискусија на тема „Предизвиците на современите енергетски системи“, на која активен придонес даде и заменик генералниот директор на АД МЕПСО, Александар Пауновски.

​По воведното обраќање на министерката за енергетика, Сања Божиновска, дискусијата се фокусираше на актуелните предизвици за операторите на електроенергетски системи. Главен акцент беше ставен на:

​Енергетската транзиција.

​Интеграцијата на обновливи извори.

​Зголемената потреба од флексибилност и сигурност на системот.

​Во панелот, покрај претставникот на МЕПСО, учествуваа и Горан Мајсторовиќ од СИГРЕ Хрватска и проф. д-р Мирко Тодоровски од ФЕИТ. Дискусијата беше модерирана од проф. д-р Александра Крколева Матеска од ФЕИТ.

​АД МЕПСО истакна дека останува посветен на активна соработка, регионална размена на знаења и поддршка на професионалната заедница за стабилен и одржлив енергетски систем.