Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, при што локално може да достигне брзина над 60 километри на час.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 9 до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната дневна температура ќе достигне 13 степени Целзиусови.
Според прогнозата на УХМР, до среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината.
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво, со постепено зголемување на дневната температура.