Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека велосипедот е повеќе од предизборна тема – тој е „супер-ефикасно превозно средство и крајно – стил на живот“.
Мециновиќ, кој доаѓа од советничката група која се избори за субвенционирани велосипеди за социјално ранливи категории, најави нов концепт за развој на велосипедската култура во градот, фокусиран на четири клучни точки:
- Вмрежување на сите велосипедски патеки во една целина.
- Обезбедување на паркинзи за велосипеди.
- Ослободување на јавните простори.
Воведување модел за изнајмување градски велосипеди за скопјани и за сите посетители на градот.