Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека води „црна кампања“ и се фокусира на измислување спинови за опозицијата наместо да ги решава реалните проблеми на граѓаните.
Филипче истакна дека премиерот и ВМРО-ДПМНЕ се во „цела безидејност“ и немаат сериозен проект со кој би се пофалиле.
„Соочени се со тоа што ние го кажуваме што ние сме направиле во нашиот мандат за само година или две. И ако ние сме можеле за две години да ги зголемиме платите на лекарите, да почне зголемувањето на минималната плата која до крајот на мандатот е дуплирана и низа други мерки, тогаш јасно е немаат ниту капацитет, ниту волја, ниту визија како да ја водат државата напред“, рече Филипче.
Тој остро ја критикуваше владејачката партија, потенцирајќи дека спиновите никому не одат во прилог бидејќи тие повеќе не се опозиција, туку **власт која треба да испорача резултати