Кандидатката за советник во Советот на општина Аеродром, Драгослава Војницалиевска, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека за четири години не изградила ниту една од ветените четири нови градинки во општината, и покрај тоа што тоа бил првиот од седумте топ приоритети во програмата на Муцунски и Митески.
Војницалиевска нагласи дека Муцунски и Митески ветиле целосно нови објекти во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче, но четири години подоцна, ниту една од овие ветени градинки не е изградена.
Како резултат на оваа нереализација, кандидатката посочи дека околу 700 дечиња годишно се на листа за чекање за упис во градинка поради недостаток на места.
Споредба со претходниот мандат и прашања до в.д. градоначалникот
Војницалиевска направи споредба со мандатот на СДСМ, кога, како што рече, биле изградени две нови градинки со вкупен капацитет од 400 деца:
Целосно нов објект „Црвенкапа“ во Стар Аеродром (200 деца).
Целосно нов објект „Буба Мара“ во Ново Лисиче (200 деца).
Таа додаде дека единствениот објект на градинка кој се гради во моментов во Стар Аеродром е со средства од 70.000.000 денари, обезбедени од Владата на СДСМ во 2024 година.
Кандидатката постави директни прашања до в.д. градоначалникот Дејан Митески за судбината на ветените градинки:
Каде е ветената градинка во близина на ОУ „Браќа Миладиновци“?
Каде е ветената градинка во дворот на ОУ „Блаже Конески“?
Каде е ветената градинка на последна 17-ка во Тодор Чангов?
Каде е ветената градинка во Долно Лисиче?
„Полни усти со ветувања пред избори, НУЛА реализација на крајот на мандатот. Аеродром бара промени! Се бориме за нашиот дом! Се бориме за нашиот Аеродром!“, порача Војницалиевска.