Горивата поевтинуваат од полноќ: Намалување на цените до 1,5 денари

​Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од вечерва на полноќ поевтинуваат сите видови горива, со намалување на цените до 1,5 денари.

​ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се продава по цена од 74 денари, што е намалување за 1,5 денари. За истата сума, 1,5 денари, поевтинува и ЕУРОСУПЕР БС 98, кој од утре ќе изнесува 76 денари.

​Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (БС) Е-V се намалува за 1 денар и ќе изнесува 68,5 денари за литар.

​Се намалува и цената на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,5 денари, со што од утре ќе се продава по цена од 68 денари. Цената на мазутот М-1 НС исто така се намалува, и од 37,6 денари по килограм, сега ќе се продава по цена од 36,7 денари по килограм.