Трагичен инцидент се случи денеска во Апелациониот суд во Тирана, кога судијата Астрит Калаја беше смртно застрелан додека ја извршуваше својата работа. И покрај тоа што веднаш беше пренесен во Клиниката за трауматологија, судијата им подлегна на повредите.
Напаѓачот, идентификуван како Ѓан Шкемби, испукал три куршуми во судијата веднаш штом тој почнал да ја чита одлуката во неговиот случај. Во инцидентот биле ранети и две други лица, татко и син, кои се надвор од животна опасност.
Судијата Калаја го водел спорот за сопственост на поранешна училишна зграда во Скадар, каде што живееле 31 семејство. Семејствата поднеле тужба дека Шкемби со фалсификувани документи станал сопственик и ги принудувал да го напуштат објектот.
Се истражува како сторителот успеал да мине низ неколку безбедносни проверки и метал детектори пред да го изврши нападот.