Филипче во Карпош: Власт која ја губи довербата измислува непријатели за да ја скрие вистината

​Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Карпош изјави дека власт која ја губи довербата од народот „измислува непријатели за да ја скрие вистината“.

​Филипче ја осуди црната кампања која ја води ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека таа е доказ за неспособност и страв од народот.

​„Власт која води негативна кампања кон опозицијата не е само неспособна власт, тоа е власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тоа е власт за која напредокот на државата е непријател“, потенцираше Филипче.

​Тој ја обвини владејачката партија дека се храни и одржува од внатрешни поделби, сиромаштија која ја контролира со корупција и од хаос во кој се создава апатија. Притоа, повика на единство, разум и отпор против лагите и поделбите.

​„Јас во нивната кал нема да влегувам, туку ќе продолжам да ги разобличувам. Нека се препелкаат во национализмот, во лажниот патриотизам и во својата неспособност самите тие“, заклучи претседателот на СДСМ.