Филипче од Карпош: Македонија се буди, ова не е влада на народот туку влада над народот

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом“ во општина Карпош, порача дека ароганцијата на власта не може да трае бесконечно бидејќи народот не заборава и веќе ја препознава вистината.

​„Македонија веќе се буди. Луѓето почнуваат да разбираат дека ова не е влада на народот, туку влада над народот”, рече д-р Филипче.

​Тој нагласи дека граѓаните ги препознаваат лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ и кај нив се буди чувство за промени. „И секојдневно расте чувството дека е време нешто да се промени, не само на избори, туку во начинот на размислување, во начинот на политичко дејствување”, истакна лидерот на СДСМ.

​Филипче остро ја критикуваше актуелната власт, потенцирајќи дека денес имаме власт која „не ја води државата, туку ја режира“.

​„Сè е претворено во настап, во шоу, во перформанс без никаква содржина и суштина. Нека каже Мицкоски еден реален проект или политика со која направи нешто добро за луѓето. Нека каже само еден – нема таков”, нагласи д-р Филипче, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ, освен што се сликаат со проектите од СДСМ, како завршени патишта 90%, ништо друго не направиле.

​На крајот, тој порача дека СДСМ секогаш ја третирале државата како заеднички дом, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја третираат како „Белата палата, своја зграда изградена од криминал”.